Во СЦ „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром започна финалната серија од првенството на Македонија помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер. Мечот започна со минута молк за прерано починатиот навивач на МЗТ Скопје, Марјан Михајловски – Мац, а потоа следува 3Д корегографија на навивачката група „Фемили Аеродром“ во чест на својот член.