Португалскиот великан со пенал во 101-вата минута се спаси од испаѓање (Видео)

Поранешниот шампион на Португалија и петкратен освојувач на купот на оваа земја, Боависта, со гол од пенал во 101-вата минута успеа да обезбеди опстанок во првенството.

Мигел Реисињо имаше храброст да ја земе топката и во одлучувачките моменти да не затрепери неговата нога и да победи за голема радост на соиграчите и навивачите. Боависта во последните години е во тешка финансиска криза, а денес се до пеналот губеше со 1-2 од претпоследната Визела која и немаше шанси да се спаси од испаѓање.

https://twitter.com/sporttvportugal/status/1791872552714772729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1791872552714772729%7Ctwgr%5E3739b60248f89e527d15500bae562495432cf89f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.mk%2F2024%2F05%2F18%2FD181D0BE-D0B3D0BED0BB-D0BED0B4-D0BFD0B5D0BDD0B0D0BB-D0B2D0BE-101-D0BCD0B8D0BDD183D182D0B0-D181D0B5-D181D0BFD0B0D181D0B8D198D0B0-D0BED0B4%2F

Боависта единствената титула шампион на Португалија ја освои во 2001-вата година, додека последниот трофеј од Купот го освоија во 1997-мата година.

- Оглас -

Најнови вести