Усик го победи Тајсон Фјури и ги обедини сите титули во тешка категорија (Видео)

Украинецот Окелсандер Усик го победи Тајсон Фјури во боксерскиот спектакл во Ријад, Саудиска Арабија и на тој начин стана неприкосновен шампион во тешка категорија. Фјури беше првак во ВБЦ категоријата откако во 2020 година го победи Деонтеј Вајлдер, а Украинецот ги имаше во своја сопственост појасите од ВБА, ВБО и ИБФ верзиите, откако во 2021 година беше подобар од Ентони Џошуа.

Сега Усик може да се пофали дека е апсолутен владетел во боксот во тешка категорија. Тој е првиот боксер во 21 век што ги обединил сите појаси. Тоа се немаше случено од 1999 година кога Ленокс Луис ги обедини титулите.

Усик ја доби пресметката во Ријад и тоа по исцрпувачки 12 рунди, со поделена одлука на судиите. Двајца од судиите оценија дека Украинецот бил подобар, а еден арбитар предност му даде на Фјури.

По почетните испитувања на силите Усик му зададе неколку удари на Фјури, додека Британецот правејќи гримаси на лицето се обидување да го деконцентрира противникот и ја забавуваше публиката.

Без мнгоу возбудувања течеше мечот, кога Фјури во шестата рунда реши да доминира, зададе неколку опасни удари и покажа зошто е во мечот за обединување на титулите. Потоа повторно следуваше рунда со малку возбудувања, за да во осмата рунда, Усик му го зададе можеби најсилниот удар на Фјури. Украинецот продолжи да доминира и во следната рунда, а ѕвончето за крај на рундата го спаси Фјури од пораз.

https://twitter.com/i/status/1791980574485147961

Чувствувајќи дека се стекна со доволна предност Усик потоа повеќе тактизираше, а како што се очекуваше во последната рунда имаше отворен фајтерски дел во кој двајцата боксери си зададоа неколку удари, но на крајот издржаа во рингот, па судиите беа тие што мораа да решат за победникот, а тоа на крајот беше Украинецот Усик.

 

 

- Оглас -

Најнови вести