Ферстапен веќе се навикна да биде фаворит, Норис и Леклер се најголемата закана (Фото)

Формула 1 возачите попладнево ќе ја возат седмата трка од календарот, во Италија, но за ГН на Емилија-Ромања. Слично како и претходните шест трки, од пол-позицијата ќе тргне најдобриот, Макс Ферстапен, но двапати од претходните шест вакви ситуации се покажаа дека не се доволни за победа.

На минатата трка победи Ландо Норис од Мекларен Мерцедес, а во Австралија победи Карлос Сајнц јуниор. Сепак, и покрај тоа, холандскиот возач повторно е најголем фаворит за победата со квота од 1.35 во понудата на Sport Life. Следува Ландо Норис со квота од 4.30, а дури потоа е возачот на Феррари, Леклер со 10.00 и вториот возач на Мекларен, Оскар Пиастри со квота од 13.00.

Во понудата на Sport Life трката во Италија има преку 100 опции со одлични квоти, а дел од нив се и дуелите, кој возач ќе има подобар пласман. Осум двојки се дел од понудата, а квоти се одлични.

Сегментот во кој Ферстапен нема доминација оваа сезона е најбрзиот круг на трката. Холандскиот возач само двапати имаше најбрз круг, а ист ефект има и Чарлс Леклер од Ферари. По еднаш најбрзи беа Алонсо и Пиастри. И покрај тоа Ферстапен е фаворит за најбрз круг со квота од 1.60, а следуваат Леклер и Норис со идентична квота од 5.00.

- Оглас -

Најнови вести