Последното премиерлигашко коло ќе биде ефикасно, Манчестер сити ќе се радува на трофејот (Фото)

1009 – Манчестер сити – Вест хем (17:00)

Фудбалерите на Манчестер сити со било каква победа над Вест хем по четвртипат по ред ќе го кренат трофејот од Премиер лигата. Сепак, „граѓаните“ сигурно нема да се задоволат со било каква или минимална победа и ќе сакаат со стил да дојдат до трофејот, но и што порано во мечот да го решат прашањето околу победникот. Очекувањата се дека избраниците на Пеп Гвардиола ќе одиграат ефикасно и со најмалку четири гола ќе го испратат противникот од „Етихад“.

Предлог тип: Т1 4+ (1.93)

 

1007 – Ливерпул – Вулверхемптон (17:00)

Ливерпул игра натпревар без никакво резултатско значење, бидејќи секако ќе заврши на третата позиција во Премиер лигата, но ова во никој случај не е обичен натпревар за навивачите на „црвените“. Јирген Клоп попладнево последен пат ќе биде на клупата на Ливерпул, па сигурно на „Енфилд роуд“ ќе има спектакл зачинет со голем број на погодоци на двете страни.

Предлог тип: : ГГ и 4+ (2.02)

 

1001 – Арсенал – Евертон (17:00)

Фудбалерите на Арсенал сигурно нема да се откажат од трофејот, иако имаат два поени помалку од Манчестер сити, па за титулата потребен им е кикс за најголемиот конкурент. „Топчиите“ попладнево ќе ја завршат својата работа и ќе го победат Евертон и сигурно дека ќе сакаат што порано да дојдат до предност и водство за да направат дополнителен притисок кај „граѓаните“ и да внесат нервоза во нивните редови.

Предлог тип: : 1-1 & 3+ (1.75)

 

1005 – Челзи – Бурнмут (17:00)

Екипата на Челзи е блиску до пласман во фудбалска Европа, а со победа против Бурнмут само ќе го потврдат учеството најмалку во Конференциската лига. „Сините“ се во серија од пет натпревари без пораз, односно четири по ред со победа, па очекувањата се дека и денес ќе продолжи оваа низа. Бунрмут загуби на последните два дуели, а во меѓусебните дуели го немаат победено Челзи од 2019-тата година.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.70)

 

1002 – Брентфорд – Њукасл (17:00)

Њукасл се уште се надева дека ќе дојде до пласман во Европа, но тешко дека ќе дојде до такво нешто. Мечот против Брентфорд нема да има големо резултатско значење, па очекувано е да видиме голем број на погодоци. Последните шест меча кои ги одигра Њукасл имаа по најмалку два гола, а во меѓусебните дуели така беше на четири од последните пет.

Предлог тип: 1-3I&1-3II  (1.75)

- Оглас -

Најнови вести