Усик ги обедини сите титули, а заработи три пати помалку од Фјури

Украинскиот боксер Олександер Усик се запиша во историјата како прв кој успеа да ги обедини сите титули во тешка категорија во 21 век. Последен пат Леникос Луис во 1999 година беше апсолутен шампион во тешка категорија, а сега Усик е негов наследник.

Во спектаклот кој беше во Ријад, Саудиска Арабија, украинскиот боксер по 12 рунди и со поделена одлука на судиите, го победи Тајсон Фјури. Двајца од судиите му ја доделија победата на Усик, а еден беше за Фјури. Како клучна, се посочува деветата рунда кога Усик беше пред победа со нокаут но крајот на рундата го спаси Фјури. 

Усик ги доби сите шампионски појаси, но најголем дел од парите од оваа борба завршија кај Фјури. Уште пред мечот беше направен договор според кој наградниот фонд е 195 милиони долари, а без разлика на исходот, дури 145 милиони долари ќе „легнат“ на сметката на Фјури. За новиот апсолутен шампион Усик следуваат 50 милиони долари.

Заработката на Фјури за овој меч светските медиуми ја споредуваат со годишната заработка на Кристијано Роналдо кој е убедливо најплатен спортист во светот според Форбс.

Според договорот, Фјури и Усик повторно ќе ги вкрстат ракавиците до крајот на оваа година, затоа што Британецот веднаш по мечот побара реванш. Инаку Фјури реагираше дека судиите му ја подариле победата на Усик затоа што неговата земја била во војна. 

- Оглас -

Најнови вести