Репрезентативецот на Луксембург, Леандро Бареиро, летово го прави трансферот од соништата и преминува во клуб кој ќе игра на Светското клупско првенство. Се работи за 24-годишен фудбалер кој до сега беше член на бундеслигашот Мајнц, но летово како слободен фудбалер се сели во Бенфика.
Вицешампионот на Португаија долго притискаше за неговиот потпис, веќе имаше испратено и понуда до Мајнц, но германците успеаваа да одолеат на понудите мислејќи дека фудбалерот ќе потпише нов договор.
Сепак, Бареиро ги одби сите понуди за продолжување на договорот со Мајнц и одлучи кариерата да ја продолжи во славниот португалски клуб.