Клоп ги фотографираше новинарите на неговата последна прес-конференција: „Во случај да ми недостигате“ (Видео)

Јирген Клоп повеќе не е тренер на Ливерпул и по осум години го напушти „Енфилд роуд“. Фудбалерите победија со 2-0 на неговото збогум од клубот, а навивачите приредија вистинско шоу пред мечот со Вулверхемптон, но и за време на натпреварот.

По мечот, Клоп се појави на прес-конференција, па време беше да се збогува и со новинарите кои постојано го следат Ливерпул. Германецот ги изненади сите кога извади мобилен и ги фотографираше новинарите, а потоа објасни зошто го стори тоа.

„Сега вие сте малку емотивни. Ова е мојата последна прес-конференција тука. Мислам дека нема, но во случај да ми недостигате направив фотографија која ќе ја погледнам“, рече Клоп.

https://twitter.com/HaytersTV/status/1792289933656203627?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1792289933656203627%7Ctwgr%5E10d8dcb562bc1d4a101e69fc9d70d2c2f85f253a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fjurgen-klopp-liverpool-press-sala-novinari-fotografija-video%2F474844

- Оглас -

Најнови вести