Пет натпревари од Норвешка, Данска и Италија се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life за понеделник. Вкупната квота на петте предлози е 43.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.30. Заедничко за сите натпревари е тоа што се очекува новата седмица да тргне ефикасно.
Молде е голем фаворит против Сарпсборг, па ако успеат да постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар, квотата од 2.30 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.10 за натпреварот помеѓу Нордсјиланд и Митјиланд ќе биде добитна само ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.
На дуелот помеѓу Салернитана и Верона се очекува дека една од екипите ќе победи, а ако бидат постигнати од два до четири гола, тогаш квотата од 2.05 ќе биде добитна.
Голови во двете мрежи се очекуваат на мечот помеѓу Палермо и Венеција. Квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако двете екипи бидат ефикасни, но и ако има голови во двете полувремиња.
На мечот помеѓу Болоња и Јувентус мора да има победник, но и најмалку еден гол во првото полувреме за да биде добитна понудената квота од 2.00.