Манчестер сити дојде до четвртиот трофеј по ред во Пемиер лигата, а на прес-конференцијата по натпреварот против Вест хем неизбежна тема беше и заминувањето на Јирген Клоп од клупата на Ливерпул.
Гвардиола и Клоп се големи пријатели, а во Премиер лигата имаа големо ривалство, кое не дозволија да влијае на односите помеѓу нив двајца. Пред последното коло, Германецот рече дека за него токму Каталонецот е најдобриот тренер во светот.
„Многу ќе ми недостига. Клоп беше важен дел од мојот живот. Мислам дека неверојатно се почитуваме. Можам да му кажам само благодарам за убавите зборови“, рече Гвардиола воздржувајќи се да не пушти некоја солза.
'I will miss him a lot…' | Pep Guardiola gets emotional talking about Jurgen Klopp's Liverpool departure#pepguardiola #guardiola #jurgenklopp #klopp
Full press conference: https://t.co/sX88mHn2AM pic.twitter.com/2dwbq1654T
— BeanymanSports (@BeanymanSports) May 19, 2024
Гвардиола потоа ги изненади сите со најавата дека можеби ќе си замине од Манчестер сити на крајот од следната сезона.
„Реалноста е дека сум поблиску до заминување отколку до останување. Веќе разговарав со луѓето во клубот. Ќе бидам тука уште една сезона, а потоа ќе разговараме. Тука сум осум или девет години, ќе видиме…“, рече Гвардиола.