Барселона на последниот домашен натпревар за оваа сезона го победи Рајо Ваљекано со 3-0 на „Монжуик“, а сцената по натпреварот во Шпанија е карактеризирана како лош знак за Каталонците.
Членовите на стручниот штаб, заедно со Рафиња, Араухо, Де Јонг, Ромеу и Алонсо, со нивните семејства се фотографирале на тревникот во Барселона, што може да биде збогум за нив од дресот на клубот од Каталонија.
Маркус Алонсо и Ориол Ромеу секако се прекубројни и следната сезона ќе имаат нови клубови, но заминување на ѕвездите од типот на Рафиња, Араухо и Де Јонг би било голем удар за Барселона.
За Рафиња се шпекулира дека стигнала фантастична понуда од Саудиска Арабија, па нема да биде изненадување доколку Барселона ја прифати со оглед на лошата финансиска состојба во која се наоѓа клубот, додека за Араухо и Де Јонг има интерес од Баерн Минхен и најмалку еден од нив двајца летово ќе се пресели во Баварија.