Кога знаат паметно да се договорат: Опстанокот на Каљари донесе голема радост во Романија

Екипата на Каљари го победи Сасуоло со 0-2 на гостински терен и теоретски си го обезбеди опстанокот во Серија А, додека противникот го испрати во понизок ранг, односно во Серија Б.

Сепак, победата на Каљари не се славеше само помеѓу нивните навивачи, туку и во Романија, а причина беше нивниот голман. Симоне Скуфет оваа сезона е стандарден на голот на Каљари откако минатото лето направи трансфер од романскиот Клуж. Италијанците тогаш платија два милиони евра за трансферот, а дополнително и бонус од 200.000 евра поради клаузулата за минимум 10 натпревари во Серија А.

Со обезбедениот опстанок се активира и втората клаузула, која е во вредност од 800.000 евра, па така клубот од Романија има многу причини за славење бидејќи наплатија три милиони евра за голманот кого една година претходно само 600.000 евра го платија на кипарскиот АПОЕЛ.

- Оглас -

Најнови вести