Која е разликата помеѓу Манчестер сити и Арсенал? Одговорот го има Родри

Манчестер сити дојде до четвртата титула во низа во англиската Премиер лига или десетта во историјата на клубот. Еден од клучните играчи во составот на Пеп Гвардиола беше неговиот сонародник Родри, кој по натпреварот со Вест хем на новинарско прашање се обиде да одговори која е разликата помеѓу нив и Арсенал.

„Кога Арсенал дојде на Етихад, почувствував дека тие фудбалери не сакаат да победат. Тие сакаа само да одиграат нерешено, ние немаме таков менталитет“, рече Родри.

Од десетте трофеи во историјата на клубот, дури шест ги освоија со Пеп Гвардиола на клупата.

- Оглас -

Најнови вести