Ни две мрежи не го запреа падот на Илка Штухец (Видео)

Словенката Илка Штухец имаше многу среќа што мина без посериозни повреди по спектакуларниот пад на спуст трката во Кран Монтана.

Актуелната светски првенка во најбрзата дисциплина, настапи прва, со стартен број 1, при голема брзина, ја загуби контролата и падна, завршувајќи дури во третата заштитна мрежа, откако првите две не ја запреа, туку само го ублажија падот. За среќа, Штухец брзо стана и со скиите се спушти до целта, каде публиката ја награди со овации. Сепак, Словенката со хеликоптер беше префрлена во болница на преглед, бидејќи се жалеше на болки во коленото.

Инаку, трката заврши со победа на Италијанката Софија Гоџа (шеста победа во кариерата). На подиумот се најдоа уште Швајцарката Јоана Хелен и Австријката Никол Шмидхофер (водечка во генералниот пласман во спуст).

https://twitter.com/i/status/1099228335924789248

- Оглас -

Најнови вести