Прекината доминацијата на Салцбург: Австрија по 10 години има сензационален шампион (Видео)

Екипата на Штурм од Грац е сензационален шампион на Австрија откако успеа да заврши со два поени предност пред Салцбург на крајот од сезоната. Моќниот Салцбург десет години по ред беше шампион на Австрија, а нивната доминација започна во 2014 година.

За екипата на Штурм ова е четврта титула во историјата на клубот, а последната ја освоија во 2011 година, откако имаа две врзани титули во 1998 и 1999 година.

Тоа значи дека екипата на Штурм обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, а моќниот Салцбург ќе мора да игра квалификации.

- Оглас -

Најнови вести