Бараж-натпреварот кој ќе ја даде последната екипа која следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра в недела во Струмица.
Во бараж-натпреварот ќе играат Вардар, кој сезонава заврши како десетти во Првата фудбалска лига, додека Детонит заврши како трет во Втората лига.
Натпреварот ќе се игра в недела, во Струмица, со почеток во 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
Денеска се одредени и двојките за влез, односно опстанок во Втората лига, ќе играат Победа – Куманово, Влазрими – Борец и Вардарски – Кораб.