Гвардиола веќе размислува за следната сезона, сака да има нов бековски тандем

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, испиша историја во Премиер лигата освојувајќи ја четвртата титула по ред во Премиер лигата, а веќе се подготвува за следната сезона и на челниците на Граѓаните им порача да бидат активни на трансфер-пазарот и да ја освежат одбраната.

Гвардиола сака во следната сезона бековскиот тандем да го сочинуваат Жереми Фримнпонг и Тео Ернандес.

Фримпонг има неверојатна сезона со Баер Леверкузен, ја освои титулата во Бундеслигата, а Фармацевтите имаат шанса да освојат уште два трофеа бидејќи ќе играат во финалето во Лигата на Европа против Аталанта, како и во финалето на Купот на Германија, и имаат шанса сезоната да ја заврши без пораз.

Втората желба на Гвардиола е дефанзивецот на Милан, Тео Ернандес, а Манчестер сити за двајцата дефанзивци ќе мора да издвои најмалку 170 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести