Масимилијано Алегри нема долго да биде без работа откако доби отказ во Јувентус бидејќи веднаш доби понуда од Саудиска Арабија која тешко се одбива.
Алегри само еден ден откако триумфира со Јувентус во Купот на Италија, а претходно обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, доби отказ бидејќи челниците, но и навивачите не се задоволни од стилот на игра кој го форсираше Италијанецот.
Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Алегри добил богата понуда од неименуван тим од Саудиска Арабија и веќе ја прифатил, па од идната сезона ќе работи на Блискиот Исток.