Мајстор од Скопје го погоди цело коло во Премиер лигата, во Струга со игри на голови до ќар од 324.000 денари (Фото)

Натпреварите од последното коло во најатрактивната фудбалска лига, Премиер лигата, „му се погодија“ на играч на Sport Life од Скопје, кој покажа дека е одличен типувач, и тоа со школска игра на конечен тип.

Во уплатно место на Sport Life во Скопје е одигран тикет со 10 натпревари, кои на обложувачот му донесоа нето-добивка од 70.827, и тоа со вложени 600 денари.

На тикетот има натпревари само од последното 38-мо коло во Премиер лигата и на десетте меча е типувано само на конечен тип.

Без проблеми до победите дојдоа Њукасл, Манчестер јунајтед, Нотингам форест, Челзи, Кристал палас, Ливерпул, Фулам, Манчестер сити и Тотенхем.

Единствен натпревар кој му беше неизвесен и на кој голот за победа беше постигнат во финишот беше тој меѓу Арсенал и Евертон. Топчиите кои на крајот завршија како второпласирани, до победата од 2:1 дојдоа со голот на Кај Хаверц во 89-тата минута.

ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ МУ ДОНЕСОА ДОБИВКА ОД 324.877 ДЕНАРИ

Тикет со осум натпревари, на којшто се одиграни различни игри, но и квоти кои се движат од 1.80 до 2.75, донесе одлична добивка од 324.877 денари за редовен играч на Sport Life од Струга. На тикетот кој беше уплатен пред пет дена се одиграни три игри, сите беа во комбинација со голови.

На три меча беше одиграно да има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а интересно е што стружанецот двапати ја одигра Барселона и не погреши. Каталонскиот тим пет пет дена славеше против Алмерија давајќи по еден гол во двете полувремиња, додека вчера со 3:0 го совлада Рајо Ваљекано.

Третиот меч со оваа игра беше тој меѓу Олимпик Лион и Стразбур (2:1), кој „без мака“ го исполни условот.

На три меча е одиграно на домаќинот да не загуби, а притоа да има два или три гола во првото полувреме.

Бодо два од четирите гола во победата над Тромзо ги даде во првите 45 минути, а идентично одигра и Штутгарт во дуелот со Борусија Менхенгладбах, додека третиот меч беше тој меѓу Арсенал и Евертон (2:1), каде што по првото полувреме беше 1:1.

На дуелот меѓу Килмарнок и Селтик (0:5) е одиграно шкотскиот шампион да не загуби и притоа да има два или три гола во првиот дел (0:3), додека последниот меч е тој во кој Манчестер сити со победата од 3:1 над Вест хем ја освои титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести