Најголемото изненадување во француското фудбалско првенство, екипата на Брест заврши на третото место и со тоа обезбеди прв историски пласман во Лигата на шампионите. Сепак, навивачите на овој тим се разочарани затоа што стадионот „Францис Ле-Бле“, на кој Брест игра како домаќин, не ги исполнува стандардите за организирање дуели од Лигата на шампионите.
„Жал ми е што нема да играме на нашиот стадион, но тоа само ја зголемува идејата за изградба на нов стадион“, рече градоначалникот на Брест, Францис Чуландре.
Повеќе од 100 години е стар стадионот на којшто игра Брест, а е реновиран во 2010 година. Сепак, поради тоа што три од неговите четири штандови се со тубуларна структура, што е забрането со континенталните прописи, на тој стадион нема да може да се играат средби од ЛШ.
УЕФА очекува Брест до среда да достави на кој стадион ќе игра како домаќин, а тоа се очекува да биде стадионот во Генгам, кој е отворен во 1990 година, а има капацитет од 18.000 гледачи.
THE CHAAAAAMPIONS 🎶🎶 pic.twitter.com/1mkaHAEbUt
— Stade Brestois 29 (@SB29) May 19, 2024