Крилниот напаѓач на Риека, Марко Пашалиќ, ги воодушеви сите во Хрватска со своите игри и минатата година дебитираше и за репрезентацијата, а сега се најде и на официјалниот список за настап на Европското првенство во Германија.
Сепак, кариерата на 23-годишниот фудбалер роден во Карлсруе не навестуваше дека еден ден ќе игра за бронзената репрезентација од последното Светско првенство. Преку младинците на Хофенхајм, Карлсруе и Штутгарт, како и вторите екипи на Штутгарт и Борусија Дортмунд стигна до Риека, каде што блесна, но само пред седум години работеше како градежен работник во Германија и паралелно играше фудбал.
„Почнав во 2017 година. Мојот татко ме запиша на факултет по средното училиште, но не сакав да учам заради фудбалот. Ми рече дека морам да работам градежништво ако не сакам на факултет. Секое утро во осум часот јас, брат ми и двајца работници одевме да работиме. Најтешко ми беше кога морав да го возам градежниот шут со количка на 35 степени. По шест-седум месеци започнав и со фарбање. На крајот најважно беше што имавме леб за семејството. Добивав по нос кога немаше да ја завршам работата како што треба. Но, сè уште немам завршено со градежништвото. Да бев сега во Германија, секако дека ќе му помагав на брат ми“, вели Пашалиќ во интервју за хрватската национална телевизија.
Марко Пашалиќ досега за репрезентацијата на Хрватска одигра четири натпревари.