Златната топка за оваа сезона сосема извесно ќе има нов сопственик, а според експертите, речиси сигурно ќе оди во рацете на некој од фудбалерите на Реал Мадрид. Со 35% шанси да ја добие Златната топка, прв фаворит е Винисиус, а со 17% веднаш зад него е неговиот клупски колега Џуд Белингам. Токму Англичанецот долго беше прв фаворит, но го загуби приматот од Вини.
Третиот фудбалер на Реал Мадрид на овој список е Тони Крос, кој има само 5% шанса да дојде до Златната топка. Останатите двајца кои се во потесна конкуренција се Килијан Мбапе и Хари Кејн, кои имаат по 10% шанса дојдат до престижната награда.
Рекордер според бројот на освоени Златни топки е Лионел Меси, вкупно осум, и тешко дека во блиска иднина ќе биде достигнат од некој фудбалер.