Бразилскиот интернационалец Каземиро во Манчестер јунајтед дојде како големо засилување, но оваа сезона е на удар на критичарите поради слабите игри за Црвените ѓаволи. Тој одлучи да проговори за сето тоа на „Скај спорт“ и вели дека нема причина за таквите критики кон него.
„Критиката е дел од фудбалот, а јас сум секогаш смирен. Кога се работи за конструктивна критика, секогаш е добродојдена, посебно во фудбалот. Когаш играш на високо ниво 10 години и малку ќе го спуштиш нивото, секогаш ќе има реакции. Ми велеа дека сум најголемото засилување во Премиер лигата минатата сезона, а сега сум безвреден? Ме осудуваат без почитување. Кога не ме почитуваат, тоа е загрижувачки. Од моментот кога ќе почувствувам дека сум омаловажен, тоа веќе не е во ред. Тогаш ја губам почитта кон тие луѓе“, вели Каземиро.
Касемиро со Реал Мадрид освои пет трофеи во Лигата на шампионите, а во 2022 изненадувачки направи трансфер во Манчестер јунајтед за 80 милиони евра.