Веќе подолг период присутни се шпекулациите дека Мохамед Салах летово ќе си замине од Ливерпул по седум години и својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Интернационалецот од Египет има договор со Црвените за уште една сезона, односно до летото 2025 година, па претпоставките се дека Ливерпул од неговиот трансфер ќе сака и нешто да заработи пред да му истече договорот.
Сепак, самиот фудбалер со објава на социјалните мрежи најави дека нема намера да си оди од „Енфилд роуд“.
„Знаеме дека од Ливерпул се бара да се освојуваат трофеи и ќе направиме сè што е можно следната сезона да донесеме трофеи во клубот. Нашите навивачи тоа го заслужуваат, а ние фудбалерите ќе се бориме до крај за да го оствариме тоа“, напиша Салах и најави дека останува во Ливерпул.
Мохамед Салах во 2017 година во Ливерпул пристигна од екипата на Рома и стана вистинска легенда на клубот, но во вториот дел од штотуку завршената сезона имаше пад во формата, па шпекулациите за негово заминување беа се погласни.