Во Баерн Минхен го загубија компасот, тренер кој испадна од елитата е кандидат за нов стратег

Баерн Минхен ја имаше една од најлошите сезони во последните 20-тина години. Најтрофејниот германски клуб не освои ниту еден трофеј, а во Бундеслигата заврши на третото место.

Токму поради ваквиот лош расплет, логично е да се направи промена на клупата. Томас Тухел си заминува, но уште не се знае неговиот наследник. Неколку познати тренери ја одбија понудата да ја добијат задачата да бидат предводници на најтрофејниот клуб, па затоа продолжуваат шпекулациите кој ќе биде херојот што ќе прифати да биде стратег на баварскиот гигант.

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, објави информација дека Винсан Компани се споменува како наследник на Тухел. Интересно е дека Компани во сезоната којашто заврши беше тренер на Барнли, клуб кој испадна од Премиер лигата, и тоа само по една година помината во елитното англиско друштво.

 

- Оглас -

Најнови вести