Очајниот Баерн се врти кон Конте?

Потрагата на управата на Баерн Минхен на тренер за следната сезона ги однесе во Италија, каде што планираат да тропнат на вратата на Антонио Конте.

Според германските медиуми, челниците на Баерн ја намалија листата на потенцијални тренери на неколку имиња и иако Винсан Компани им е фаворит на медиумите, најзвучно име на списокот е тоа на Антонио Конте.

Конте е без тренерски ангажман откако си замина од Тотенхем пред повеќе од една година и иако се поврзуваше со неколку екипи, како Наполи, Милан, па и ПСЖ, тој сè уште е без клуб и лесно може да се случи да ја прифати понудата на Баерн.

Според италијанските медиуми, тој сака да работи во клуб со којшто ќе се бори за трофеите во домашниот шампионат и за титулата во Лигата на шампионите, па токму тоа може да му го понуди Баерн Минхен, кој сезонава остана без титулата во Бундеслигата, а загуби во полуфиналето во ЛШ од Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести