Фудбалерите на Црвена ѕвезда ја продолжуваат доминацијата во српскиот фудбал и четврта година по ред ја освојуваат двојната круна.
Црвено-белите вечерва на стадионот „Лагатор“ во Лозница со 2:1 ја совладаа Војводина и триумфираа во Купот на Србија.
Ова е 28 триумф на Црвено-белите во Купот. Победата на Црвена ѕвезда ѝ ја донесоа Иваниќ во 37-мата минута и Спајиќ, кој во 66-тата минута погоди за 2:0, додека во последните моменти од мечот, Вукановиќ намали на 2:1.
Победата на Црвено-белите можеше да биде и поубeдлива бидејќи постигнаа уште три гола, но беа поништени поради офсајд.