Фудбалската федерација на Англија (ФА) е заинтересирана Маурисио Покетино да биде селектор на Гордиот Албион, доколку Гарет Саутгејт по Европското првенство си поднесе оставка, објавија англиските медиуми.
Покетино вчера по разговорот со управата на Челси спогодбено го раскина договорот со Сините, а денеска весникот „Дејли мејл“ пишува дека Аргентинецот нема долго да биде без работа бидејќи е главен фаворит на ФА да го наследи Саутгејт на клупата на Англија.
Договорот на Саутгејт со ФА истекува годинава, и тој ќе ја предводи репрезентацијата на Англија на Европското првенство кое на 14-ти јуни ќе започне во Германија и доколку не успее да ја освои титулата, постои голема шанса да се повлече.
Освен со клупата на англиската репрезентација, името на Покетино од денеска се поврзува и со Баерн Минхен кој е во очајна потрага по тренер за следната сезона.