Пред една година, Арсенал го направи најскапиот трансфер во клупската историја откако реши да плати 120 милиони евра за да го доведе Деклајн Рајс од Вест хем. Рајс имаше одлична сезона во Арсенал и одигра дури 51 натпревар во коипостигна седум погодоци.
Во интервју за магазинот „Men’s Health“, Рајс откри што конзумира пред натпревар. Омилено му е да јаде по неколку палачинки, кои како што самиот вели му даваат дополнителна сила.
„Јадам по четири палачинки пред меч. Треба да се прелиени со мед или сладок сируп. Со колнам во Бога, тоа е најдобрата работа. Кога дојдов во клубот ги гледав фудбалерите на Арсенал како ги јадат и си помислив: „Што се случува тука?“ Но, искрено тоа ми ја промени играта. Не ја разбирам науката, но мене ми дава висок енергетски стимул. Мислам дека тоа е причината зошто толку многу трчам на теренот. Ако играме од 17:30 часот, може да се случи да изедам и до осум палачинки“, вели Рајс.
За жал на Рајс, неговиот Арсенал сезонава само за еден бод заостана зад Манчестер сити во трката за титулата во Премиер лигата.