Германскиот гигант Баерн Минхен, сезонава ја заврши без ниту еден освоен трофеј, поради што налето ќе има ремонт на екипата, а листата на имиња кои би можеле да си заминат од „Алијанц арената“ е импресивна.
Магазинот „Билд“ пишува дека на листата се наоѓаат фудбалски ѕвезди.
Највисоко на листата се наоѓаат имињата на Леон Горецка и на капитенот Џошуа Кимих за кои веќе подолго време се шпекулира дека летово сигурно ќе си заминат.
Голем интерес за Горецка пројавува Јувентус, додека Кимих би можел да заврши со еден од гигантите Реал Мадрид, Барселона или Манчестер сити.
„Билд“ пишува дека во летниот преоден рок би можеле да си заминат уште двајца играчи од средниот ред, Серж Гнабри и Кингсли Коман.
Промени би можело да има и во одбраната, „Билд“ пишува дека Дајот Упамекано, Алфонсо Дејвис и Нусаир Мазрауи, ќе си заминат ако пристигне добра понуда.