Петте меча во денешните Квоти на ден ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 51.72.
Првиот предлог е од норвешкиот шампионат меѓу Бодо/Глимт и Осло и ја има најмалата квота која изнесува 1.90. За да се добие оваа квота потребно е да се одигра на лидерот на табелата дека ќе постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Вториот предлог ја има најголемата квота која изнесува 2.50 и е од дуелот од баражот во австрискиот шампионат меѓу Австрија Виена и Хартберг за пласман во Лигата на конференции. Ова е прв натпревар и предлогот на Sport Life е да се одигра на голови, односно дека еден од двата тима ќе слават, но и двата ќе ја затресат мрежата.
Во Франција се игра бараж за пласман или опстанок во Лига 1. Сент Етјен во полуфиналето од баражот, пред своите гледачи ќе игра против Родез и ја има фаворитската улога да обезбеди пласман во финалето каде е веќе Мец. Тука предлогот е да се одигра на победа на Сент Етјен, а притоа да бидат постигнати меѓу два и шест гола.
Последното коло во Серија А ќе започне со натпреварот меѓу Џенова и Болоња која приреди сензација и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Со оглед на тоа дека и двата тима немаат резултатски императив, Sport Life ви предлага да одиграте на голови, односно дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.20.
Последниот предлог е од последното коло во Ла Лига и тоа од дуелот меѓу Жирона и Гранада. Жирона е вистинска сензација во фудбалска Европа, до пред десетина кола беше во трка за шампионската титула, но во финишот не го издржа притисокот и сезоната ќе ја заврши на третото место, а сите очекуваат да се „одјави“ со нова победа. Поради тоа предлогот на Sport Life е да се одигра „кец во кец“ и да има меѓу три и шест гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.25.