Одлични натпревари со одлични квоти се дел од понудата до Квоти на денот на Sport Life за сабота. Понудените натпревари имаат квоти помеѓу 2.00 и 2.20, додека петте предлози искомбинирани на еден тикет прават квота од 37.9.
Дуелот помеѓу Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид се очекува дека нема да заврши нерешено, односно дека едната екипа ќе победи. Доколку тој услов биде исполнет, а на натпреварот бидат постигнати помеѓу два и пет гола, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.
Од фудбалерите на Јувентус се очекува победа над Монца во последното коло, а доколку тоа се случи во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола, тогаш понудената квота од 2.20 ќе биде добитна.
Фудбалерите на Гент треба да бидат ефикасни против Ст. Труден за да биде добитна квотата од 2.05. Домашните треба да постигнат помеѓу еден и три гола за да биде „фатен“ и овој натпревар.
Во последното коло од Ла Лига, Реал Мадрид на домашен терен го пречекува Бетис, меч на кој се очекува и двете екипи да постигнат барем по еден гол, но и голови да има во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.00.
Понудената квота од 2.10 за мечот помеѓу Лион и ПСЖ ќе биде добитна само ако двете мрежи се затресат во првото или во второто полувреме.