Викндов се вози најпрестижната трка од Формула 1 шампионатот, онаа за ГН на Монако, низ улиците на Монте Карло. Монако веќе неколку години има свој возач во Ф1, Чарлс Леклер од Ферари и токму тој е фаворит за пол-позицијата на денешните квалификации кои ќе се возат во 16 часот.
Леклер на домашен терен ќе се обиде да ја сопре серијата на Ферстапен, кој има седум пол-позиции на првите седум трки од тековната сезона. Квотата за победа во квалификациите на Леклер е 1.65, додека Ферстапен има квота од 4.30 да ја продолжи доминацијата.
Возачот на Ферари беше најбрз на тренинзите кои се одржуваа вчера и се очекува денес и утре да донесе голема радост кај домашните фанови кои од него очекуваат пол-позиција и победа на трката во Монако.
Слично како и кај возачите, и кај конструкторите фаворит е Ферари пред доминантниот Ред бул. Квотата дека болид на Ферари ќе ја освои пол-позицијата е 1.50, додека Ред бул има квота од 3.25.