Клоп: Штета што не го победивме Манчестер, Солскјер се чуди: Ливерпул немаше шанса

Ливерпул освои еден бод на гостувањето кај Манчестер јунајтед, во дербито на двата најтрофејни клуба во Англија. Со овој бод, Ливерпул повторно се врати на чело на табелата во Премиер лигата, со само еден бод повеќе од Манчестер сити.

Тренерот на гостите, Јирген Клоп признава дека ова било меч во кој немало многу шанси, но сепак Ливерпул можело да победи.

„Чуден меч. Започнавме добро, но по сите тие принудни измени ни го нарушија ритамот. И ние имавме принудна замена кога Фирмино мораше да го напушти теренот. Тоа беше катастрофа за нас. Го загубивме ритамот на игра и потоа не успеавме да се вратиме. Немаше многу шанси, но Манчестер беше готов да го победиме, но не дадовме гол. Може да се гледа како тоа дека освивме бод или дека загубивме два. И Манчестер имаше една чиста шанса, но Алисон одлично реагираше“, рече Клоп по мечот на „Олд Трафорд“.

За разлика од Клоп, менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека неговиот тим имал премногу проблеми со повредените играчи.

„Сѐ тргна наопаку уште во првото полувреме. Имавме дури четири повредени играчи. Дури немав право да го заменам Маркус Рашфорд, па мораше да остане во игра. Не се сеќавам дека Ливерпул имаше некоја шанса за гол.Тие повеќе ја држеа топката, но не го загрозија голот на Де Хеа“, вели Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести