Фудбалер на Атлетик Билбао две години играл со парче стакло во стапалото

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, во последните две години играл со бизарна повреда.

Ернесто Валверде, тренерот на баскиот тим откри дека Ињаки Вилијамс денеска нема да биде во тимот во дуелот од последното коло во Ла Лига против Рајо Ваљекано, бидејќи се опоравува од операција на ногата.

Откриено е дека напаѓачот две години играл со два сантиметри долго парче во стапалото. „Направивме снимање по финалето во Купот и откривме дека се уште има стакло во стапалото. Кога првпат беше во болница да му ја зашијат раната, лекарите оставиле едно парче во ногата.

https://twitter.com/AthleticXtra/status/1794016113539289328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1794016113539289328%7Ctwgr%5Eb48d3d4beabaeeaf60763156208d138023ee52e5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fgol.dnevnik.hr%2Fclanak%2Frubrika%2Fnogomet%2Fdoktor-i-ja-nismo-mogli-vjerovati-pogledajte-s-cime-je-u-nozi-dvije-godine-igrao-inaki-williams—850365.html

 

Но, тоа не било мало парле, туку од два сантиметри кои се наоѓало помеѓу коската и тетивата. Заедно со клупскиот доктор не можевме да веруваме што се случува и ни остана само да се насмееме“, изјави Валверде.

Повредата ја добил во 2022 година кога стапнал на скршено стакло. Но, ниту тоа не го спречило Ињаки Вилијамс да ги одигра сите натпревари минатата и оваа сезона, се до денеска.

- Оглас -

Најнови вести