Тијаго Мота даде зелено светло, најдобриот голман во Серија А доаѓа во Јувентус

Тијаго Мота кој ќе биде нов тренер на Јувентус наместо Масимилијано Алегри кој доби отказ, го одобри првиот трансфер на Старата дама за следната сезона.

Мота инсистираше во летниот предеон рок да биде ангажиран нов голман и челниците на Јувентус, експресно му ја исполнија желбата, го договорија трансферот на најдобриот голман во Серија А сезонава, Микеле ди Грегорио од Монца.

https://twitter.com/Juve_France/status/1794323779008815155

 

Според италијанските медиуми, Јувентус на Монца ќе и плати 18 милиони евра отштета, со можност сумата да се зголеми за дополнителни два милиони, а Ди Грегорио ќе потпише петгодишен договор кој ќе му носи по два милиони евра по сезона.

Ди Грегорио кариерата ја започна во академијата на Интер, а потоа го носеше дресот на Новара, Порденоне и Монца. Сезонава, Ди Грегирио бранеше на 33 меча за Монца, прими 35 гола, а на 14 натпревар на зачува недопрена сопствената мрежа.

- Оглас -

Најнови вести