Баерн ќе прави чистка: Во аут одат седум играчи чија вредност се проценува на 340 милиони евра

По 11 последовни титули во Бундеслигата, Баерн Минхен сезонава не само што не го одбрани тронот во првенството, туку најтрофејниот германски клуб остана без ниту еден пехар. Токму затоа, Баерн го смени Томас Тухел и на негово место треба да седне Винсент Компани, а освен тренерската смена, ќе има промени и во играчкиот кадар.

Како што најавува „Билд“, во Баерн Минхен планираат да инкасираат дури 340 милиони евра со продажба на дури седум фудбалери. Серж Гнабри е прв фаворит за продажба. Тој е повреден и ќе го пропушти и Европското првенство. Проблемот е што Гнабри има плата од 20 милиони евра.

Кинсли Коман има договор до 2027 година, но и тој игра под просекот и треба да биде продаден, а Баерн за него очекува да добие 65 милиони евра. Џошуа Кимих има договор кој му истекува следната година, а не планира да го продолжи договорот што значи дека летово треба да биде продаден за да се заработи од трансферот.

На листата за заминување ги споменуваат и Леон Горецка, Упамекано, Алфонсо Дејвис и Нусир Мазуари. Доколку му успее планот на Баерн и ги продаде сите овие фудбалери, со што ќе ја наполни клупската каса, ќе може да доведе неколку супер квалитетни засилувања.

 

- Оглас -

Најнови вести