Се сеќавате ли на Вардарски: Клубот кој играше во првата сезона во Прва лига, по 27 години слави пласман во Втора лига

Екипата на Вардарски од Богданци обезбеди место во Втора фудбалска лига, откако во баражот против Кораб победи со 3:2. Со овој триумф Вардарски по пауза од цели 27 години се врати во Втора лига, каде последен пат играше во сезоната 1996/97.

Вардарски беше дел и од историската прва сезона во Прва лига на самостојна Македонија кога во сезоната 1992/93 заврши на последното место. Во 34 меча Вардарски заврши со само девет освоени бодови и на крајот имаше примено точно 100 гола. Потоа тимот играше во Втора лига, за да од 1997 година падне во трета лига и подоле и цели 27 години чекаше за повторно да влезе во Втора лига.

Експресно враќање во Втора лига направи Борец кој лани испадна, а сега во баражот со 3:2 го победи Влазрими. Победа која заврши на 14 место во Втора лига во сезоната која што измина, успеа да обезбеди опстанок откако со 2:1 го победи Куманово.

БАРАЖИ ЗА ПЛАСМАН ВО ВТОРА ЛИГА:

Вардарски – Кораб 3:2

Победа – Куманово 2:1

Борец – Влазрими 3:2

- Оглас -

Најнови вести