Поранешниот македонски голгетер Горан Пандев вечерва беше дел од ревијалниот меч кој се играше во Букурешт, меѓу Златната генерација на романската репрезентација од 1994 година и остатокот на светот.
Освен Пандев, на овој дуел учествуваа и голем број на некогашни прославени фудбалери, но и актуелни тренери. На спектаклот се појави и Жозе Мурињо што беше вистинска можност за средба меѓу Пандев и неговиот некогашен тренер.
Пандев и Мурињо во Интер заедно ја освоија тројната круна во 2010 година, откако Нераѕурите беа шампиони на Италија, го освоија Купот, а се искачија и на европскиот трон во Лигата на шампиони. Мурињо многу добро знае колку Пандев му беше важна алка во тој победнички тим, па и вечерва имаше едноставна порака.
На својот инстаграм профил Мурињо постави фотогтафија со Пандев, а пораката беше едноставна „МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ“.