Денот Д за Вардар: Треба победа над Детонит од чии редови најавуваат дека ова е ден за историја за нив

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар втор пат во две сезони игра во бараж за место во Прва лига. Минатата сезона Вардар како второлигаш славеше над Скопје и се врати во елитната лига, а сега како тим кој заврши на 10 место во Прва лига ќе игра бараж со Детонит Плачковица, екипа која го освои третото место во Втора лига.

Вардар и Детонит се сретнаа два пати во сезоната 2022/23, а билансот е една победа на Црвено-црните и едно реми (2:0 и 1:1). Сепак, сега влогот е многу поголем. Кој ќе победи ќе игра во Прва лига.

Од Детонит најавуваат дека ова е ден за историја во нивниот клуб, но сепак Вардар на своја страна го има реномето, традицијата, историјата. Сепак, на крајот победникот ќе се реши на теренот, па можно е да одлучи и едно невнимание, една грешка или еден супер потег.

Капитенот на Вардар Филип Гачевски и тренерот Горазд Михајлов на последниот тренинг одржаа мотивациски говор.

Дуелот ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, а се очекува трибините да бидат исполнети затоа што е најавено присуство на голем број вардарови фанови, но секако дека и Детонит ќе има своја поддршка од трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести