Чави Ернандес вечерва последен пат ќе ја води Барселона и тоа на гостувањето кај Севиља во последното коло од шпанската Ла Лига. Каталонецот доби отказ од претседателот Жоан Лапорта поради коментарите во јавноста за финансиската состојба на клубот.
Сепак, се чини, Чави нема долго да остане без ангажман, бидејќи сега тој е фаворит број еден за клупата на Челзи, кој неодамна се раздели со Маурисио Покетино. Екипата од „Стемфорд бриџ“ сака млад и модерен тренер, а се чини дека токму Чави е она што го бараат.
Челзи следната сезона ќе настапува во Конференциската лига и сигурно ќе биде фаворит број еден за освојување на трофејот, а доколку успеат во тоа ќе влезат во историјата како прва екипа која ги освоила трофеите од сите четири клупски натпреварувања: Лигата на шампионите, Лигата на Европа (Купот на УЕФА), Купот на победниците на куповите и Конференциската лига.