Фудбалерите на Вардар имаат предност од 2:0 против Детонит Плачковица по првото полувреме во бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
На бараж натпреварот кој се игра во Струмица на стадионот “Благој Истатов“, Црвено-црните двата гола ги постигнаа во финишот од полувремето.
Прво Ѓуриќ со 42-та минута го отвори резултатот, а во 46-тата минута Шушњара со одличен шут ја удвои предноста на Вардар.