Емери ја однесе Астон вила во Лигата на шампионите и доби нов договор

Унаи Емери денеска потпиша нов петгодишен договор со Астон вила, објави Би-би-си.
Шпанецот е награден бидејќи со Астон вила го освои четвртото место во Премиер лигата и тимот од Бирмингам следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

„Многу сум среќен што го продолжив договор. Во Астон вила владее одлична атмосфера, а навивачите прават да се чувствувате како дома“, изјави Емери по потпишувањето на новиот договор.

Емери во Астон вила пристигна во октомври 2022 година, а предтходно во кариерата ги има водено и екипите на Спартак Москва, Арсенал, Севиља, ПСЖ, Валенсија и Виљареал.

„Градиме нешто специјално со Емери и воодушени сме што потпиша нов договор кој ќе трае до 2029 година. Додека влегуваме во нашата историска година во која ќе славиме 150 години од формирањето на клубот, имаме за што да се радуваме со Емери на чело на тимот“, изјави Насеф Савирис, претседалот на Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести