Почина еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата

Легендарниот НБА-кошаркар и член на Куќата на славните во Спрингфилд, Бил Волтон, ја загуби битката со ракот и почина на 71-годишна возраст.

Волтон во 1974 година беше прв избор на НБА-драфтот, а двапати ја освојуваше шампионската титула, еднаш со Портланд и еднаш со Бостон. Тој беше прогласен за МВП на финалето во 1977 година Портланд ја освои титулата, а следната година беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната.

„Бил Волтон беше навистина уникатен. Како Куќа на славните, тој ја редефинира центарската позиција. Неговите уникатни вештини го направија доминантна сила во НЦАА-лигата каде играше за УКЛА, и му донесоа МВП титули во НБА, две шампионски титули во НБА-лигата и место меѓу најдобрите кошаркари во историјата на НБА на 50-годишнината и на 75-годишнината од лигата. Бил својот ентузијазам и љубовта кон кошарката ги пренесе и на ТВ екраните со своите забавни и детални коментари кои ги забавуваа гледачите. Највеќе ќе го паметам по неговата радост кон животот. Како важен член на НБА-семејството веќе 50 години, Билк ќе им недостасува на сите кои го познаваа и го сакаа. Им упатувам искрено сочувство на неговата сопруга Лора, на неговите синови Адам, Нејт, Лук и Крис и на неговите пријатели и колеги“, соопшти комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер.

- Оглас -

Најнови вести