На Тајсон му се слошило за време на авионски лет

Легендарниот боксер Мајк Тајсон, кој наскоро повторно ќе влезе во рингот, имал здравствени проблеми за време на авионскиот лет од Мајами до Лос Анџелес.

За време на летот, на Тајсон му се слошило, имал вртоглавица поради влошување на состојбата со чирот, а по слестувањето бил згрижен лекарски тим на аеродромот во Лос Анџелес.

 

Според претставниците на Тајсон, не се вистинити шпекулациите дека на легендарниот боксер му се слошило поради дознењето на летот, туку поради проблемите со климата во авионот.

Тајсон иако има 57 години, идниот месец, на 20-ти јуни ќе влезе во рингот и ќе боксува против јутјуберот Џејк Пол, а според најавите, мечот нема да биде ревијален.

- Оглас -

Најнови вести