Во Црна Гора и невозможното е можно: Одиграа реми со шест гола за да се пласираат во повисок ранг (Видео)

Во Црна Гора вчера заврши доигрувањето за пласман во Втората лига. Трите екипи учествуваа во баражите, кои се играа во група, а во последниот меч се сретнаа екипите на Будва и Зета. Екипата на Ибар во пресрет на последното коло беше прва на табелата и само доколку другите две екипи одиграа реми најмалку со четири гола, но и потоа ако Будва победеше на пенали, не обезбедуваа пласман во повисок ранг.

За чудо, токму тоа и се случи. Зета до 32-рата минута имаше висои 0-3, но Будва успеа да израмни на 3-3 до 54-тата минута, а потоа ништо не се случуваше сè до пеналите, по кои Будва успеа да победи со 4-2 и така двете екипи да се пласираат во второлигашката конкуренција.

Црногорскиот фудбал неодамна беше во центарот на вниманието поради наводното пуштање на мечот помеѓу Младост и Дечич во прволигашката конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести