Терзиќ смета дека сè е можно во финалето во ЛШ: Борусија може да го победи Реал во еден натпревар

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, смета дека неговите фудбалери можат да го совладаат Реал Мадрид во еден натпревар.

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид в сабота на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе играат во финалето во Лигата на шампионите.

„Ќе играме против неверојатно силна екипа која често игра вакви финалиња, но знаеме дека сè е можно во еден натпревар. Доколку играме десетпати со Реал Мадрид, веројатно е дека тешко би имале подобар конечен скор, но во 90 или 120 минути и евентуално пенал-рулет, ние сме способни да го победиме секој тим на светот“, изјави Терзиќ.

- Оглас -

Најнови вести