Челзи многу му верува на новиот тренер и му дава договор до 2030 година

Англискиот фудбалски клуб Челзи постигнал конечен договор за нов тренер, а тоа треба да биде Енцо Мареска. Според најавите, Мареска ќе потпише петгодишен договор, кој ќе му обезбеди место на „Стемфорд бриџ“ до 2029 година, со можност за продолжување на уште една сезона, односно до 2030 година.

Оваа одлука на Челзи за толку долгорочен договор е многу чудна ако се знае дека лондонскиот тим во последните две години смени четворица тренери, и тоа Томас Тухел, Грем Потер, Френк Лампард и Маурисио Покетино, кој беше предводник во сезоната што измина.

Мареска има соработувано со Пеп Гвардиола во Манчестер сити, потоа беше во Парма, а сезонава којашто измина го предводеше Лестер, со кого стана првак во Чемпионшип и експресно го врати тимот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести