Треба да има голови на финалето во Лигата на конференции, Меси и Суарес му носат нов триумф на Интер Мајами

6945 Олимпијакос – Фиорентина (21 часот)

Ова е финален натпревар во Лигата на конференции кој ќе се игра во „ОПАП арената“ во Атина и, нормално, многу поголема поддршка од навивачите ќе има Олимпијакос. Грчкиот тим во полуфиналето го елиминира големиот фаворит за трофејот Астон вила, и тоа остварувајќи две победи (4:2,2:0), додека Фиорентина беше подобра од Бриж (3:1,1:1). Олимпијакос на последните осум меча во сите натпреварувања постигнуваше гол, додека Фиорентина на последните осум меча одигра „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ (1.89)

 

2602 Мјалби – Хакен (19 часот)

Ова е дуел меѓу две екипи коишто имаат идентичен скор во шведскиот шампионат и Мјалби и Хакен по 11 кола имаат по пет победи, две ремија и четири порази. Мјалби загуби на последните два меча, додека Хакен има два пораза на последните три дуели. Минатата сезона Мјалби пред своите гледачи славеше со 2:1, а победи и на последниот меѓусебен меч (1:0). Последен пат на нивните меѓусебни дуели немало голови пред три години.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.50)

 

2501 Бодо/Глимт – Сандерфјорд (19 часот)

Бодо/Глимт е лидер во норвешкиот шампионат само со еден пораз по десет кола, додека Сандерфјорд е претпоследен, 15-ти на табелата само со два триумфа. Бодо/Глимт не успеа да победи во последните две кола и денеска е голем фаворит да се врати на победничките патеки. Бодо/Глимт славеше на последните пет меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.19)

 

4002 Интер Мајами – Атланта јун. (01.30 часот)

Интер Мајами сезонава игра многу подобро во однос на сезоната и е лидер на табелата во Источната конференција само со два пораза по 16 кола. Дуото Меси – Суарес играат одлично, Аргентинецот е неверојатен со 10 гола и дури 13 асистенции, додека Уругваецот е втор стрелец во МЛС-лигата со 13 постигнати гола досега.

Интер славеше на последните три меѓусебни меча кои ги играше пред своите гледачи, а минатата сезона со Меси во тимот победи со убедливи 4:0 и за очекување е вечерва да оствари нов триумф.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.50)

 

4901 Лос Анџелес галакси – Далас (04.30 часот)

Лос Анџелес галакси во последното коло го победи Хјустон (2:1) и ја прекина серијата од четири ремија во низа, па вечерва е голем фаворит да почне нова серија, овојпат победничка.

Далас во досегашните 13 натпревари во МЛС-лигата победи само трипати и се наоѓа на третото место одзади на табелата во Западната конференција, додека ЛА галакси е третопласиран. ЛА галакси нема пораз на шесте меча кои ги одигра пред своите гледачи, оствари по три победи и три ремија и притоа даде 13 гола. Далас во шесте меча како гостин нема ниту еден триумф (две ремија и четири порази).

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.10)

- Оглас -

Најнови вести