Минесота тимбервулфс успеа да избегне метла во финалето во Западната конференција откако во четвртиот меч против Далас маверикс славеше со 105:100.
Свој удел во победата на Минесота имаат и двете големи ѕвезди на Далас, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Иако оствари трипл-дабл од 28 поени, 15 скока и 10 асистенции, Дончиќ слабо шутираше и не погоди 14 удари од игра. Ирвинг пак промаши 12 од вкупно 18 шутеви.
Далас во финишот од мечот со тројката на Дончиќ успеа да намали на 103:100, словенечкиот кошаркар потоа го промаши слободното фрлање, а на спротивната страна, Ентони Едвардс беше прецизен од линијата за слободни фрлања и ја завери победата на Минесота.
Едвардс со 29 поени, 10 скока и девет асистенции беше најдобар кај Минесота, каде што се истакна и Карл-Ентони Таунс со 25 поени.
Петтиот натпревар во финалето на Западот ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок во Минеаполис.